Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Досега изградени се 20 спортски објекти во 10 општини, продолжуваме со инвестиции во спортот

14/03/2025  15:29

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос инвестициите во спортската инфраструктура и плановите за истата, изјави:

„Во моментот се градат или се изградени повеќе од 20 спортски сали во 10 општини. Во 10 општини и планирани сè уште толку во оваа година.

Спортот е еден од клучните столбови во коишто многу инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме и да ги зголемуваме инвестициите. Затоа што, како Влада сме убедени дека културата и спортот се најголемите промотори на еден народ и на една земја.

Така што, бидете сигурни дека спортот бил, е и ќе остане еден од главните фокуси на оваа Влада.”