Skip to main content
Македонија

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

07/10/2025  22:01

На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци.

„Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици  да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново: -14%, Липково: – 40 %, Теарце: – 37%, Тетово: – 18%, Боговиње: – 37%, Желино: -28%, Врапчиште: – 32%, Гостивар: – 35 %, Кичево: – 36 %, Струга: – 32%. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата. И после овие порази донесени од тандемот ДУИ СДСМ, уште ли ќе не убедуваат во нивните приказни и басни. Скапо Македонците, и Албанците ја плаќаат нивната неспособност. Затоа Тетово да го издигнеме над она мочуриште политичко што тие го оставија. А изборот којшто го имаат тетовци на овие избори е да живеат со оние коишто само ги слушаат, зборуваат или пак оние коишто работат и испорачуваат“ нагласи Мицкоски.