
Денеска во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на проширената детска градинка во населено место Таринци во Општина Карбинци.
Вредноста на проектот изнесува 21.461.414 денари од кои 65% се обезбедени од страна на централната власт, а 35% од страна на општината.
„Со зголемувањето на капацитетот на градинката од 50 на 100 деца, листата за чекање се сведува на минимум“ велат од владината прес служба.

