
Нема да има бегалски кампови во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Желино. Тој повтори дека стратешкиот договор со Велика Британија не предвидува вакви кампови и дека таа тема е затворена.
„Апсолутно нема таква работа, и тоа го кажа и британскиот амбасадор. Таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена, и таа тема нема да се пренесе тука. Така што граѓаните може да бидат спокојни“, рече Мицкоски.