
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заедно со неколку градоначалници во пресрет на Бадник поделиле пакети помош во неколку скопски општини.
-Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Премиерот нагласува дека Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни.

