Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Ако се докаже дека ја убил мечката, Дранго ќе биде разрешен

07/01/2025  13:35

Премиерот Христијан Мицкоски, најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ ако се докаже дека ја убил мечката со која што беше фотографиран.

Мицкоски рече дека ќе побара одговорност доколку се потврдат ваквите тврдења.

„Ќе биде разрешен, ако се потврдат овие тврдења. Тоа се девијантни однесувања кои ако се потврдат, немам намера да ги амнестирам“, рече Мицкоски.

Случајот со мечката го покрена здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, споделувајќи фотографија на која се гледа директорот фотографиран со пушка покрај мртвото животно. Тој негира дека ја убил тврдејќи дека мечката настрадала во сообраќајна несреќа, па како вработен во „Македонија пат“ бил таму, за што постои записник. Битолското обвинителство отвори предмет за случајот.