
Одговарајќи на новинарски прашања за истрагата во Кочани, денеска премиерот Христијан Мицкоски кажа дека истрагата ја вди надлежното обвинителство а не владата и до ХО треба да се поставуваат прашањата.
Мицкоски беше прашан и дали јавноста може да очекува оставки од морални причини.
„Истрагата ја води Јавното обвинителство, не ја води Владата, можеби тоа прашање ќе треба да го упатите до Обвинителство. Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам. Ако е за другите, до нив ќе треба да ги упатите прашањата“, рече Мицкоски.