Skip to main content
Македонија

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

14/10/2025  23:57

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи им честиташе 35 години од формирањето на Општинскиот комитет на партијата во Куманово.

„35 години обединети, со јасни цели и сплотени. Куманово – градот на хероите, на достоинството и на силниот дух. Општински комитет што отсекогаш знаел да ги чува своите корени, да ја цени жртвата на борците и да чекори со гордост кон иднината,“ напиша Мицкоски.

Тој порача дека љубовта кон татковината и вербата во иднината се водилка на нивната работа, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи „посилна од кога било“ во својата мисија за развој и обединување на државата.

Јубилејот на Општинскиот комитет Куманово се одбележува како потсетник на долгогодишната традиција и партиска истрајност, но и како симбол на единството и континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во еден од најважните градови за македонската историја.