
На граничниот премин ,,Табановце” за излез од државата се чека 40 минути, а на граничниот премин ,,Дојран” 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец од с.Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на планинскиот премин Пресека.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
