Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НЕДЕЛНА НАЈАВА: Ќе дува силен северен ветер, локално ќе има и пороен дожд и грмежи!

26/05/2025  08:26

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час).  Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат со потпросечни вредности за крајот на месец  и мај, и тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Наутро и понатаму исто така останува релативно свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека на високите  и планинските места тие повремено ќе се спуштаат  и под 5 степени.