![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/meteoalarm.mk-53.png)
Метео анализа на Славчо Попоски:
За време на овој викенд, и понатаму територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на ладната и сува воздушна маса која продира од источните и од североисточните предели на Европскиот Континент, што значи дека во ваква ситуација, ќе имаме сув студ, особено во ноќните и во утринските часови.
Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Да напоменам само дека, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри наутро температурата има можност да се спушти и до околу -10 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 6 степени.