Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни доаѓа силно невреме!

20/05/2025  13:32

Утре (среда 21 мај) и за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на голема влажна и на нестабилна воздушна маса од југозапад и од запад. На многу места ќе имаме појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на невреме.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, вашите автомобили избегнувајте да ги ставате во близина на дрвја, особено оние осамените.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корст на сите граѓани https://nothas.finki.ukim.mk/