Skip to main content
Магазин

Месар со 15 години искуство откри шокантни тајни за меленото месо

23/08/2025  23:47

Фашираното месо, кое секојдневно завршува на нашите трпези, не секогаш е свежо како што изгледа. Месар со 15-годишно искуство изнесе вознемирувачки детали за тоа што сè може да се најде во ваквото месо што се продава во маркетите и месарниците.

„Фаширано месо – ВНИМАНИЕ! Дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно со леш од животно кое стоело со денови на пат. Јас сум знаел да направам мелено месо кое изгледа совршено свежо – од месо старо и до еден месец“, вели тој.

Според неговото сведоштво, со едноставни додатоци како ладна вода, сол, шеќер и винобран, старото месо може да изгледа како штотуку сомелено.

„Солта и водата ја вадат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот дава свеж изглед“, објаснува месарот.

Тој предупредува дека постојат неколку јасни знаци по кои граѓаните можат да препознаат „освежено“ месо:

  • ако е премногу ситно сомелено,
  • ако е румено однадвор, а темно одвнатре,
  • ако прави пена додека се динста.

„Вистински свежото месо нема потреба од маскирање. Купувачите мора да бидат внимателни и да бираат каде ќе купуваат“, апелира месарот.