Skip to main content
Свет

Меркел нема да се кандидира за претседател на Германија

12/02/2026  18:10

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дефинитивно нема намера да се кандидира за претседател на државата. Извори блиски до неа и официјални претставници ги отфрлија ваквите гласини, нарекувајќи ги неосновани и целосно надвор од реалноста.

Иако во одредени политички кругови и медиуми се појавија наводи дека Меркел би можела да биде идеалниот наследник на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, одговорот од нејзиниот тим е дециден.