Skip to main content
Хроника

Мерцедес излетал од пат во Охрид, двајца тешко повредено

22/05/2025  10:41

На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.