
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата американска национална безбедносна стратегија покажува дека Европа треба значително да ја зголеми својата независност од САД во областа на безбедноста. Тој оцени дека делови од документот се „неприфатливи од европска гледна точка“ и порача дека Европа самата може да ја заштити својата демократија.
„Не гледам потреба Американците да ја спасуваат демократијата во Европа. Ако треба да се спаси, ние самите ќе го сториме тоа“, рече Мерц.
Тој додаде дека стратегијата само ја потврдува неговата долгогодишна оценка дека европските држави мора да станат „многу понезависни“ од САД во безбедносната политика. Минатата недела САД ја објавија „Националната безбедносна стратегија“, во која претседателот Доналд Трамп најавува засилени мерки против масовните миграции и построга гранична контрола како клучни елементи на американската безбедност.
