Skip to main content
Свет

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

25/06/2025  17:15

Новите цели на НАТО за трошоци за одбрана и безбедност се прифатливи за Италија, бидејќи на државите им даваат „целосна флексибилност“ во начинот на кој ќе ги остварат, изјави премиерката Џорџа Мелони.

Обраќајќи им се на новинарите на крајот од самитот на НАТО во Холандија, Мелони нагласи дека ниту едно евро нема да биде пренасочено од други буџетски приоритети за финансирање на планираното зголемување на трошоците за одбрана.

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година.