
Крај на својата осумгодишна соработка, објавија денеска Данил Медведев и неговиот тренер Жил Сервара, само неколку денови по инцидентот што рускиот тенисер го предизвика во првото коло на УС Опен.
Медведев загуби со 3-6, 5-7, 7-6(5), 6-0, 4-6 од Бенџамин Бонзи во натпревар во кој 29-годишниот Русин вербално нападна судијата и го искрши својот рекет по дуелот.
Сервара, кој беше прогласен за тренер на годината во 2019 година, му помогна на Медведев да освои 20 титули, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД во 2021 година, како и АТП финалето во 2020 година.
„Ти благодарам што ме водеше низ сите овие години и ќе видиме што ни носи животот во иднина“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Одлуката за прекин на соработката дојде по слабите настапи на грен слем турнирите оваа година, на кои Медведев загуби во првото коло на три од четирите главни турнири и во второто коло на третиот.
Сервара, од своја страна, истакна уживал во работата со Русинот – „дури и кога било тешко“.
„Данил, нашата фантастична осумгодишна авантура заедно завршува. Како симболичен животен потрес, по ова Отворено првенство на САД ја завршуваме нашата соработка. Ќе ја имам предвид твојата неконвенционална магија како играч, што е твојата сила. Повторно ќе се вратиш во својата форма, сигурен сум во тоа“, порача Сервара.