Skip to main content
Македонија

Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

30/03/2025  19:57

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед.

-По еден месец посветеност, пожртвуваност и размислување, Фитр Бајрам доаѓа како божествен благослов и награда. Како што постот не научи на трпение, воздржаност и посветеност, така и нашиот заеднички напор за општо добро бара посветеност, трпение и пожртвуваност, напиша Меџити.

Тој истакна дека во текот на Рамазанот се работело за зајакнување на верата, изградба на заедничка визија и надминување на предизвиците со мудрост.

-Фитр Бајрам нè потсетува на важноста на солидарноста, а исто така нè инспирира да го трансформираме овој дух во конкретни дела за нашето општество. Среќен Бајрам! Божјиот мир, милост и благосостојба нека биде врз вас, врз вашите семејства и врз сите оние кои работат за општо добро!, пишува Меџити во честитката.