Skip to main content
Скопје

Меџити: Во Чаир го прошируваме системот на подземни контејнери кон нов урбан стандард

15/02/2026  20:40

Општина Чаир продолжува со реализацијата на проектот за поставување подземни контејнери, еден од најсовремените проекти за подобрување на јавната хигиена и урбаниот ред на територијата на општината.

Денес во Топанско Поле, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена”, Драги Митковски, го промовираа проширувањето на овој систем, кој ќе се реализира на целата територија на Чаир.

Досега се поставени подземни контејнери на 5 локации, со по 3 контејнери на секоја локација. Со поставувањето на новиот сет од 3 контејнери на шестата локација, во Чаир моментално се во функција вкупно 15 подземни контејнери.

Планот предвидува до крајот на годината системот да биде поставен на 15 локации, со над 50 подземни контејнери во служба на граѓаните.

Оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на јавната хигиена, намалување на отпадот на отворените површини и унапредување на квалитетот на живот, приближувајќи го Чаир до современите европски стандарди за урбано управување.