
Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, за време на официјалната посета на Истанбул се сретна со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, каде што беше потврдена стратешката партнерска соработка меѓу двете земји.
Според Меџити, во фокусот на разговорите било зајакнувањето на економските односи и поттикнувањето на инвестициите.
Двете страни ја истакнаа важноста на заедничките проекти и конкретните чекори за проширување на билатералната трговија.
„Ја цениме Декларацијата потпишана во Истанбул за Советот на високо ниво за соработка како значаен чекор кон долгорочно и стабилно партнерство,” напиша Меџити по средбата.