Skip to main content
Македонија

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

22/05/2025  17:12

Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повеќе области како што е железничкиот сообраќај, образование, здравство, стратешки проекти. На ова додававме и проекти од екологијата, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити по потпишувањето на договорот со Британија.

„Долго време со децении, се трудиме, се бориме да го решиме проблемот со опасниот отпад на неколку точки низ целата држава, посебно фабриките од поранешна Југославија, отпадот е ризичен и за природата и за граѓаните“.

Ова, како што вели Меџити, е нова можност еднаш засекогаш да се реши тој проблем затоа што ќе се придонесе за поздрав живот и за природата во нашата држава.