Skip to main content
Скопје

Меџити: Ја напуштам владата за Чаир

10/09/2025  09:45

Ја напуштам владата за Чаир! Миризбата на победата се почувствува вечерва во Чаир, порача првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општината, Изет Меџити, на отворањето на изборниот штаб.

Настанот, се вели во соопштението на штабот на Меџити, се претвори во огромен митинг, каде што голем број граѓани ги наполнија улиците, испраќајќи јасна порака дека Чаир веќе ја избра победата.

Атмосферата и ентузијазмот на присутните се споија со говорот на Меџити, кој потенцираше дека тој вечерва не гледа обично отворање на изборен штаб, туку ја чувствува миризбата на победата, бидејќи токму од Чаир ќе започне прославата на ВЛЕН за големата победа.

„Јас вечерва не гледам отворање штаб, тука миризба на победа, тука започнува победата на ВЛЕН. Не подалеку од денес ВЛЕН се прошири, победите на ВЛЕН се победи на Албанците, не се само победи за ВЛЕН, затоа денес на ВЛЕН и се приклучи Движењето Арбериа, ги поздравувам што се вечерва тука и се приклучуваат кон победата на Албанците.

Истовремено, од оние што секој ден си ги менуваат имињата, си заминува Аријанит Хоџа, си заминува и бошњачката партија, сакам да го поздравам Рафет Муминивиќ, бошњачката заедница, турската заедница и другите заедници што се дел од Чаир, затоа што ние сакаме мандат и сакаме да работиме за нашиот граѓанин без разлика кому му припаѓа. Затоа разликата е што јас ја оставам владата за Чаир, а Бујар сака да го злоупотреби Чаир за да влезе во влада. Бујар не е избраникот на Чаир, тој еизбраникот на Соравиа. Јас видов една смешна негова изјава, рече јас не зборувам со тие затоа што биле вазали! Кој е вазал овде, вие што ја направивте најлошата влада и малку ви беше владата Груевски-Ахмети и на крај кога побегна, му помогнавте да избега во Будимпешта, потоа отидовте од позицијата министер за надворешни за да го сретнете, да му помогнете, да го вратите на политичката сцена“ изјави Меџити.

Кандидатот на ВЛЕН пред присутните појасни дека битката во Чаир не е само изборна, туку и морална. Тој продолжи потсетувајќи дека народот веќе почнал да зборува со дела, а не со празни зборови.

„Заедно со оној што побегна, вие што овде промовиравте куфери со кои ќе не испратите негде далеку, се испративте самите себеси, се спакувавте сами и денес ние НЕ бараме куфери, НЕ велиме дека ќе ве избркаме, ние велиме дека нашата победа е победа за сите граѓани, подобро ќе ви биде и вам затоа што ние ќе се посветиме на Чаир, а не на Соравиа,“ изјави кандидатот на ВЛЕН за Чаир, Изет Меџити.

Меџити пред граѓаните ја изложи и својата конкретна визија а општината, ветувајќи трајни решенија за животните проблеми на Чаир.

„Ние сакаме подобри улици, сакаме во овој мандат еднаш засекогаш да се затвори прашањето на подземната инфраструктура во Чаир, ви гарантирам дека во следниот мандат нема веќе да се зборува за водовод и канализација и атмосферска мрежа во Чаир, ви гарантирам дека нема да се зборува повеќе за асфалтирања. Ние бараме мандат за нашите и вашите деца да учат како во градинката Бамби, уште две други ги поминавме во Владата во меѓувреме, една кај ресторанот ФаФа и уште една кај Исмаил Ќемали во Топанско Поле“ изјави пред присутните Меџити.

Меџити исто така нагласи дека ВЛЕН пред граѓаните се претставува со дела, а не со празни ветувања.

„Ние правиме дела и делата оставаме тие да се вреднуваат, не доаѓаме како порано и како овие другите, дајте ни го гласот и ние ќе го направиме ова или ќе го направиме она. Основното училиште „Конгреси и Манастирит„ веќе работи во една смена, Јашар Беј е второто, а 7 Март е третото основно училиште што ќе работи на овој систем. Ви гарантирам дека вашиот глас ќе ми овозможи и со поддршка од владата да изградиме уште две нови училишта за да не бидат преоптоварени како сега, значи вашиот глас ќе овозможи децата на Чаир кои се над 8.500, да бидат поделени во 11 училишта по 700 ученици, да работат во една смена, со целодневна настава,изјави Меџити.

Меџити пред жителите на Чаир ги спомена и достигнувањата што директно се поврзани со иднината на албанската младина.

„Ние со вашиот глас во период од една година успеавме за првпат во историјата на оваа држава, една влада каде учествува ВЛЕН да донесе одлука од 35 милиони за изградба на студентски кампус за универзитетот ‘Мајка Тереза’ кој одовде пешки не е подалеку од 3-4 минути, што отвора сосема нова перспектива за целата младина на Чаир. Ние успеавме Чаир да се ограничи со четири универзитети, од гето како што не нарекоа и како што не оставија на 3,4 квадратни километри, еднакво на касарната Илинден, и тоа гето ние го претвораме во студентски град, со илјадници студенти, со стотици професори преку кои се трансформираа и Старата Чаршија и Чаир. Ние го бараме вашиот глас за подобар Чаир, ние го бараме вашиот глас не за да ги поразиме тие затоа што тие одамна се поразени, ги чека длабока реформа, затоа и не го користат веќе терминот ДУИ, затоа се нарекуваат еднаш Европски фронт, еднаш Национален фронт, ова последново ме асоцира на алијанса на корупцијата за интеграција, нека ви е со среќа. Дури и самите милитанти на ДУИ ја гледаат ДУИ како отуѓена, ја гледаат дека самата ДУИ бега од ДУИ, затоа им апелирам на сите членови на ДУИ што трчаа по неа 20 години, не го правете тоа повеќе, вратата ви е отворена во ВЛЕН, вратата ви е отворена во Чаир, вратата ви е отворена во идните победи на Албанците затоа што тука е нашата поента,“ изјави Изет Меџити.

Вечерва отворањето на изборниот штаб на ВЛЕН во Чаир не беше само изборна активност, туку демонстрација на народната сила која има цел да ги трансформира албанските општини во секој аспект.