Skip to main content
Скопје

Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

22/10/2025  16:50

Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор, вели кандидадтот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, во изјава за медиумите.

Владиниот кандидат се сретна со ВРЕДИ, ја доби нивната подршка. Јас се среќавам со скопјани.

И ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани.

Затоа што скопјани се охрабрени, и во се поголем број ќе излезат во вториот круг.

Овој контигент кој го создадовме само ќе расте.