Skip to main content
Македонија

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во западна Македонија

21/09/2025  14:32

Соопштение на Левица:

„Оваа власт наметнува наратив кој е целосно антидемократски и ги оспорува можностите да кандидираме градоначалници каде што сметаме дека на граѓаните би им се допаднала платформата на Левица.  Ова е за нас сериозен аларм за капацитетот на оддржување на изборите во демократска атмосфера!” – изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ

 „ДПМНЕ има тенденција да ја сузбива опозицијата, но за среќа имаме кандидати способни за управување со општините.

 Пример е нашиот одличен кандидат за градоначалник на Струга, тоа е пратеничката Јована Мојсоска, чиј капацитет може да им се допадне на многу граѓани на Општина Струга и тоа е сосема легитимно!

 Коалиција со ДУИ не постои, ДПМНЕ има матрица на размислување дека мандатот им е загарантиран и дека не треба да излезат пред граѓаните. Тие кои ни ги имаат уништено општините практично сакаат да избегаат од клучната дебата – какви услови на живот ни имаат оставено, какви се општините финансиски и со каков капацитет на животни услови располагаме!”