Skip to main content
Скопје

Мециновиќ: Градот одби да биде уценет – Скопје се разбуди по првиот круг

31/10/2025  15:33

Со оваа завршна прес-конференција заокружуваме една важна етапа од нашата заедничка борба. Во изминатите два месеци покажавме дека Скопје има храброст и сила да избере поинаку. Со 30.000 гласови влеговме во вториот круг и докажавме дека надежта постои, дека можеме да го изградиме градот по мерка на граѓаните, а не по мерка на партиите. Ви благодариме од срце за довербата, поддршката и за секој збор охрабрување што нè донесе до овде!

Оваа борба одамна не е само за функција, ова е борба за демократијата, за достоинството и за иднината на нашето Скопје. Не смееме да дозволиме уцени, страв и манипулации да го диктираат нашиот живот. Градот веќе покажа дека не може да биде уценет. Оваа недела, ја потврдуваме таа храброст.

На 2 ноември, излегуваме сите – левица, десница, млади, стари, сите што го сакаат Скопје. Ова не е партиска, туку градска и човечка победа. Победа на сите нас што веруваме во фер власт, отворена кон народот и насочена кон човекот.

Време е да го вратиме градот во свои раце. Време е за ново Скопје!