
Во синоќешното гостување на ТВ24, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека темата за можниот договор за мигранти со Велика Британија мора да се отвори без хистерија, без популизам и без задирање во ксенофобија – како што тоа, за жал, го прави СДСМ.
Потребни се факти: додека македонските политичари тврдат дека договор нема, британскиот политички дискурс јасно укажува дека разговори постојат.
Моделот „Third country hub“ веќе се применува во Албанија и е најавен во Косово.
Македонската влада сѐ уште го крие стратешкиот договор потпишан со Велика Британија.
