Skip to main content
Македонија

Мечка со две мали мечиња се појави кај Тирница, на патот за Дебар

02/06/2025  15:18

Во близина на селото Тирница, на патот за Дебар, беше забележана мечка со две мали мечиња.

Присуството на мечката предизвика внимание кај возачите и случајните минувачи, кои внимаваа да ја избегнат и да не го нарушат нејзиниот мир.

Според очевидци, мечката се движела низ шумата, а малите мечиња љубопитно ја следеле.

Еколозите велат дека ова е период кога мечките се во потрага по храна, па не е невообичаено да се спуштат до патиштата. Сепак се препорачува внимателност и избегнување на директен контакт со животните.