
Во оддалечена семејна куќа во селото Обајгора кај Бајина Башта, Србија, вчера се случиле двојно убиство и самоубиство, што ја потресоа Србија. Михаило Р. (69), синоќа ја убил поранешната сопруга Ана С. Р. (46), која ја запознал во Русија, потоа го убил и нивниот 7-годишен син и на крајот си пресудил себеси, известија српските медиуми.
Злосторството се случило вчера околу 20 часот. Полицајците кога пристигнале на повикот, ја пронашле Ана во една соба со три прострелни рани, а синот бил во друга просторија. Убиецот Михајло потоа извршил самоубиство во бањата, со пиштол за кој немал дозвола.
„Работеше во Русија и таму ја запозна поранешната сопруга. Живееја заедно во куќата во Обајгора, но бракот не им функционираше, па почнаа бракоразводна постапка. Ана со детето се пресели во Нови Сад“, вели еден извор на истрагата.
Не е познато зошто убиената Ана се вратила во селото, но се знае дека тоа го направила пред неколку дена. Пристигнала со маж за кој се претпоставува дека ѝ е новиот партнер.