
Синоќа полициски службеници го приведоа М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга.
Според пријавата, околу 20:30 часот во нивниот дом, додека била со нејзините родители, тој со остар предмет им упатувал закани, а потоа физички ги нападнал неа и нејзиниот татко.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

