
На 09.01.2026 во 17:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов” во Скопје бил пронајден починат А.М.(48) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

