Skip to main content
Хроника

Маж од Светиниколско лишен од слобода – ја вознемирувал и следел сосетката!

05/09/2025  15:50

На 4 септември 2025 година, во светиниколско село, полицијата го лишила од слобода 45-годишниот А.Н. поради повеќекратно следење и вознемирување на 41-годишна жена од истото село.

Овој случај добил дополнителна тежина бидејќи против него била активна мерка за забрана за приближување и вознемирување, а тој ја прекршил судската одлука, што според член 377 став 5 од Кривичниот законик се смета за кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

По целосно документирање на случајот, против А.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.