Skip to main content
Хроника

Маж од струмичко загина по превртување на тракторот

08/03/2026  16:19

Во Полициската станица Струмица вчера било пријавено дека на место викано „Буката” на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.