Skip to main content
Хроника

Маж од Скопје ја нападнал сопругата и малолетната ќерка

18/03/2026  14:54

На 17.03.2026 во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.