
Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од кавадаречко.
Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет.
-Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР – Велес.