Косовските власти минатата недела го екстрадираа Ахмет Гаши (42) од Косово во САД, осомничен за убиство по кој се трагаше 18 години.
Амбасадорот Џеф Ховениер во објава на платформата „Х“ рече дека минатата недела американско-косовскиот договор за екстрадиција бил искористен за испраќање на осомничениот Ахмет Гаши од Косово во САД за да му се суди.
Ахмет е од Пеќ и е осомничен за убиство на случаен минувач во 2006 година додека се возел со својот џип на авенијата Белмонт по тепачка во кафеана, пишува Газетаекспрес.
Судењето ќе започне на 16 јануари 2025 година. Според истрагата, на 31 декември 2006 година, околу 04:35 часот, Гаши се скарал и физички се пресметал во ресторанот и барот „Месечева светлина“ на авенијата „Белмонт“ бр. 2370. Откако бил исфрлен, Гаши продолжил да се расправа со луѓе надвор од барот и му било кажано да си замине.
Гаши наводно влегол во својот црн автомобил, излетал на тротоарот и ја растерал толпата луѓе и го удрил Кемал Коленовиќ (28). Коленовиќ, невин случаен минувач, од првиот удар бил фрлен во блокот и починал од повредите, пишува Газетаекспрес.
Според обвинението, Гаши побегнал во Косово и бил екстрадиран во САД на 13 декември 2024 година.