Skip to main content
Хроника

Маж извршил тешка кражба во 4:10 часот во Гостивар, уапсен во 5 часот

29/01/2025  13:21

На 29.01.2025 во 5:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.П.(38) од Гостивар.

Тој се сомничи дека околу 4:10 часот извршил ,,тешка кражба“ во продажен објект на улица ,,Гоце Делчев“, сопственост на Г.К.(52) и В.С.(40) од Гостивар, при што одзел пари и повеќе производи. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.