
Матичните гинеколози побараа итни промени во начинот на функционирање на примарната гинеколошка здравствена заштита, барајќи јасно да се разграничат бесплатните од услугите што се наплатуваат. Тие реагираа по контролите на Фондот за здравство, во кои беше утврдено дека дел од пациентките плаќале услуги покриени од државата.
Гинеколозите тврдат дека не станува збор за злоупотреби, туку за нејасни и несредени правила во системот, поради што бараат ревизија на договорите со Фондот. Од Министерството за здравство најавија дека ќе ги разгледаат барањата и дека упатствата ќе се усогласуваат со современите медицински стандарди.
