
На 06.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Радовиш, било пријавено дека по претходна расправија, на ул. „Мирче Ацев” во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.О.(45) и З.С.(41) од една страна и Џ.А.(41) и Е.А.(36) од другата страна, сите од Радовиш. При тоа Џ.А. употребил и дрвен предмет.
Подоцна, во 22:30 часот, Е.А.(36) пријавил дека на 05.09.2025 околу 21:30 часот бил физички нападнат од Ѓ.О.(36). По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.