Skip to main content
Хроника

Масовна тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

25/07/2025  19:44

Осум државјани на Турција се уапсени вчера на Меѓународниот аеродром Скопје, откако физички се пресметале меѓу себе, нарушувајќи го јавниот ред и мир.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 18:19 часот, а по интервенција на полициските службеници приведени се: Ј.А. (36), Д.Ј.Е. (27), Д.С. (36), Д.Х.А (44), Д.Б. (37), Д.Х. (40), Д.А. (66) и Д.М. (62), сите државјани на Република Турција.

Причина за пресметката, според полицијата, биле претходно нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу вклучените лица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.