Skip to main content
Свет

Масовен прекин на струја во Киев по ноќниот напад

27/12/2025  15:53

Приближно 600.000 корисници во Киев и поширокиот регион останале без електрична енергија по најновите напади. Надлежните служби веднаш реагирале, а енергетските тимови се ангажирани на терен со цел што побрзо да се нормализира снабдувањето, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко преку социјалните мрежи.

„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот.Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.

На погодените локации интервенираат службите за итна помош, кои заедно со здравствените работници ги расчистуваат урнатините и им помагаат на настраданите. Премиерката информираше дека во нападите биле погодени и цивилни објекти, како и дел од енергетската инфраструктура. Како последица на оштетувањата, без централно греење во моментов се над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 објекти од социјален карактер.