Skip to main content
Свет

Маск им дава милион долари на гласачите во Висконсин за да гласаат за кандидатот на Трамп

31/03/2025  08:57

Милијардерот Илон Маск подели чекови во вредност од еден милион долари на гласачите во Висконсин, откако Врховниот суд на државата одби да интервенира и да ја запре неговата акција.

Маск најави претходно оваа недела дека ќе додели милиони награди пред изборите за Врховниот суд во Висконсин, што би можело да го промени балансот на силите во таа институција во корист на републиканците.

Демократскиот јавен обвинител Џош Каул се обиде да ја запре акцијата со тужба, тврдејќи дека Маск го прекршил законот за забрана на подароци во замена за гласови.

На митингот во неделата вечерта, Маск рече: „Ние само сакаме судиите да бидат судии“. Потоа им подари чекови од 1 милион долари на две лица кои потпишаа петиција против „судиите-активисти“.

Каул тврдеше дека Маск се обидувал незаконски да купи гласови, но правниот тим на Маск одговори дека Каул „го ограничува политичкиот говор на г-дин Маск и го прекршува правото на слобода на говор од првиот амандман“. Оттаму додаваат дека наградите не биле наменети како поддршка за конкретни кандидати, туку како поттик за граѓаните да се вклучат во борбата против судиите кои „активистички го толкуваат законот“.