
Мартин Гочовски Гоџо од Варош беше најсреќен и успеа да го фати крстот во Охридското езеро. Ова е втора година како Мартин успева да го извади крстот од осветените води на Охридското езеро.
За прв пат оваа година водите на Охридското езеро ги освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и го положи Чесниот крст во езерските води.
На манифестацијата присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Оваа година во Охрид има рекорден број на посетители.