Skip to main content
Свет

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија

31/03/2026  20:30

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи. Таа ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти.

„Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она ​​што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – е неприфатливо“, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.

Таа нагласи дека слободните и фер избори се фундаментални во демократиите, особено за земјите кандидати за Европската Унија, како што е Србија.