Skip to main content
Македонија

Марш во Штип улици за загинатите во трагедијата во Кочани

22/03/2025  21:59

Во Штип вечерва во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тие маршираа низ улиците во централното градско подрачје, поминувајќи покрај црквата „Свети Никола“, завршувајќи го маршот повторно на плоштадот „Слобода“.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одаваат почит на загинатите во дискотеката во Кочани, меѓу кои и петтемина штипјани.