Skip to main content
Магазин

Мармалад од тиква и јаболка

09/11/2025  16:52

За овој мармалад најдобро е да користите кисели јаболка, поради слаткиот и благ вкус на тиквата.

     Состојки:

  • 500 грама излупени јаболка
  • 500 грама исчистена тиква
  • сок од 1 лимон 
  • 150 мл сок од јаболка (100%)
  • 1  ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка мелен цимет
  • 500 грама шеќер 

Подготовка:

Изрендајте ги исчистените јаболка и тиква и префрлете ги во тенџерето во кое ќе се готват, потоа додадете го исцедениот лимон, сокот од јаболка, ванилата, циметот и шеќерот. Добро измешајте сè и покријте, и оставете да отстои најмалку 2 часа. Потоа ставете ги на силен оган да се варат и кога ќе зоврие, намалете ја топлината. Продолжете да готвите уште 30 минути, мешајќи повремено. Тргнете го тенџерето од оган, а потоа исецкајте сè со блендер додека не добиете фино пире. Вратете сè на оган и оставете да зоврие, гответе уште 10 минути.