Прес-конференција на Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Раководството на Клиниката за дерматологија од СДС манипулирало со лековите за ретки болести, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година.
Kлиниката за дерматологија е вклучена во Програмата за ретки болести за лекување на 19 пациенти.
За 2023 година на Клиниката се однесени лекови за ретки болести во вредност од над 37 милиони денари.
Според Извештајот на ДЗР по пресметките кои се направени и интерната евиденција се разликуваат со сума од над 1 милион денари.
Кога ДЗР побарало од пациентите податок за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Клиниката, податок дале само 13 пациенти, а утврдено е дека кај нив има залиха на лекови кои се подигнати, а не се потрошени во вредност од 31 милион денари, од кои пари, 39% се лекови со поминат рок.
Очигледно е дека раководството на СДС од Клиниката за дерматологија не водело сметка за скапите лекови кои ги дава, ниту имало соодветен регистар, ниту пак соодветна методологија.
ДЗР констатира злоупотреба на повеќе нивоа, а ЈО молчи.
Недвосмислено се гледа дека во време на СДС Клиниките немале вистински менаџмент со лековите, а со тоа и со парите на граѓаните, се трошеле милиони, без да се знае каде, на што, дали е потребно и колку. Тоа е трулиот систем од кој ВМРО-ДПМНЕ е исправена да го вади здравството.