Skip to main content
Спорт

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

14/01/2025  12:16

Соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј е во центарот на вниманието на светската и тениската јавност.

Некогаш големите ривали барем засега функционираат добро и на теренот и надвор од него, што е видливо во нивната комуникација.

Енди Мареј даде интересен одговор на прашањето зошто ја прифатил поканата на Ѓоковиќ да биде негов тренер.

„Дојдов затоа што сакав да избегам од моите деца, во Новак добив едно големо дете“, се насмеа Мари, а потоа објасни понатаму.

„Потешко ми е да најдам што сака да јаде Новак, отколку моите деца“.

Новак Ѓоковиќ својот натпревар од второто коло на Австралија Oпен ќе го одигра во среда од 4 часот по средноевропско време, противник ќе му биде Португалецот Жаиме Фариа.