Skip to main content
Македонија

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

05/10/2025  21:50

Ристо Манчев, кандидат за градоначалник за општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќајќи се кон присутните истакна дека изминатите четири години се доказ дека општина Босилово стана симбол за посветена работа и труд, отворено градилиште и симбол за заедништво и соработка со граѓаните.
Манчев посочи дека изминатите четири години општина Босилово се градела, развивала и препраснала во една од најубавите рурални општини во Македонија. Манчев се осврна на ветените и реализирани проекти од изминатите четири години управување со општината Босилово, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Постигнавме најголем напредок во областа на изградбата на локалната патна инфраструктура го изградивме локалниот пат од Турново кон Иловица и Штука, од Босилово кон Еднокуќево, од Бориево кон Колешино, од Робовски пат кон Муртино, го проширивме патот од Дрвош кон Хамзалии, започнавме со реконструкција на локалниот пат од Турново кон Бориево, а задутре започнува и реконструкцијата на локалниот пат Турново – Радово. Во изминатите 4 години изградивме околу 40 улици. Се реконструираше училиштето во Иловица и Секирник, моментално се работи во Еднокуќево, а во наредните четири години ќе ги реконструираме и училиштата во Босилово, Турново, Сарај и други места. Започнавме со изградба на фекална канализација, изградивме 4 бетонски одводни канали, 6 повеќенаменски спортски игралишта, тротоари, пешачки патеки“.

Манчев, во продолжението од своето обраќање ги посочи и проектите предвидени во програмата за општина Босилово за наредните четири години, при што напомена дека истата е реална и остварлива, креирана со визија и идеи кои значат решенија и проекти од сите области во сите населени места во општина Босилово.

„Ќе продолжиме да градиме улици и патишта. Ќе продолжиме со изградба на одводни канали и фекална канализација во Моноспитово, Босилово и другите населени места, ќе отвориме уште две детски градинки, ќе направиме модерни повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места, ќе ја унапредиме работата на комуналното претпријатие и конечно ќе ги изградиме долгоочекуваните водоводи во најкритичните населени места. Почнуваме со изградба на водовод во Иловица, Штука, Дрвош и Гечерлија. Денес имаме општина без долгови, општина со поддршка на централната власт и затоа знам, верувам и убеден сум дека општина Босилово ќе продолжи да се гради.“

На крајот, Манчев ги повика граѓаните на општина Босилово на 19 октомври да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ.

„На 19 октомври, заокружете го бројот 9 и избери Совет и градоначалник, избери твој човек, кој ќе се грижи за твоето место и за твојата иднина“, порача Манчев