Skip to main content
Спорт

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

11/01/2026  21:44

Манчестер јунајтед вечерва загуби со 2:1 од Брајтон во 1/32-финалето на ФА Купот. Натпреварот се одигра на „Олд Трафорд“.

Гостите поведоа преку Брајан Груда во 12. минута. Дени Велбек го зголеми водството на Брајтон во 64. минута, по асистенцијата на Груда. Бенџамин Шешко, на асистенција на Бруно Фернандеш, врати еден гол за домаќините кон крајот на натпреварот.

Манчестер јунајтед го заврши своето учество на турнирот. Противникот на Брајтон во следната рунда ќе биде одреден подоцна.

По 21 коло од Англиското првенство 2025/26, „Црвените ѓаволи“ се на седмото место на табелата со 32 бода, додека Брајтон (29 бода) е на 11. место.